Претепаното бебе сè уште се бори за живот на скопска клиника!

Здравствената состојба на 14 – месечното новороденче кое со повреди по телото пред два дена неговата мајка го донела во Ургентен центар, е релативно стабилна, информираат за МИА од Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ.

Од Клиниката посочуваат дека бебето самостојно дише, не е на апарати, но се уште е во животна опасност. Тоа има и скршеници на потколениците. Во меѓувреме продолжува полициската истрага за да се утврди кој го претепал бебето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.