четврток, 12 ноември 2026
Најново

Претпладне локален дожд, попладне пороен со ветер

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денес претладне времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер и услови за појава на град.
Минималната температура ќе се движи од 6 до 15 степени, а максималната од 13 до 26 степени Целзиусови.
И во Скопје ќе биде променливо облачно претпладне со локален дежд, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до 13, а дневната до 22 степени.
Влијанието на циклонска активност од Медитеранот и над Балканот ќе продолжи и во следните денови, па ќе се задржи променливо време, повремено и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град. Постабилно и значително потопло време се очекува од петок.

Поврзани вести