Претпладне облачно, попладне повремен дожд

Времето во земјава денес ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено попладне во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Утринската температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната од 10 до 16 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе се искачи до 15 степени.
Утре ќе биде променливо облачно и свежо, во утринските часови со локален слаб дожд, а потоа во наредните денови ќе има пораст на температурата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.