Претпладне облачно, попладне пороен дожд, грмежи и ветер

Денес времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, особено попладне кога се очекуваат локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 6 до 13 степени, а дневната од 16 до 26 степени Целзиусови.
И во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно, особено попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската темепратура ќе достигне до 12 степени, а дневната до 24 степени.
Променливо и нестабилно време ќе се задржи до среда, кога попладне повторно се очекуваат пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.