Претпладне променливо, попладне разведрување со умерен северен ветер

Времето во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, претежно во северните делови на државава. Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од 7 до 16, а дневната ќе достигне од 17 до 25 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината слично време со температура до 23 степени.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минимална температура ќе се движи од 6 до 15 степени, а максималната од 20 до 26 степени.
Во недела ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната од 22 до 28 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.