Претпладне сончево, попладне пресврт на времето

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево, а попладне со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната температура од 22 до 29 степени.
Во Скопје претпладне сончево, а попладне со умерена облачност и услови за краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 28 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Поизразена нестабилност ќе има за време на деновите од викендот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.