Претседателката на Советот во Битола: Државата денес капитулира, институциите умреа, а насилството победи!

Живееме во држава каде ако си жена на функција и покажиш храброст те прогласуваат за нестабилна, недоветна, забегана… и да, дека “прва” клоца маваш!

И ова не важи само за Данела туку буквално за секоја жена во оваа држава која се занимава со политика!

Апсолутно не смее да се нападне ни физички ни вербално НИКОЈ, а најмалку жена, ама одамна во нашата држава ненормалното е нормално и секој ден тониме се подлабоко и подлабоко.

И после немало жени во политика, се помалку ќе има, оти денес да беше на местото на Данела некој МАЖ ОД ВЛАСТА досега и поддршка и обезбедување ќе имаше од цела Влада.

Државата денес капитулира, институциите умреа, а насилството победи.

Се понатаму нема смисла да се коментира!

Пронајдете не на следниве мрежи: