Претседателката Силјановска одлучи да помилува дел од затворениците за празникот Илинден

Претседателката Гордана Силјановска Давкова донесе одлука за помилување на неколку осудени лица по повод 2 август – Илинден, националниот празник на Македонија.Со оваа одлука, четворица осуденици се целосно ослободени од понатамошно издржување на затворските казни:– Раде Здравко Јовановиќ од с.Криволак, општина Неготино– Алберт Тарзан Алиевски од Кавадарци– Николче Љубе Костадиновски од Куманово– Зејадин Сали Мифтари од с.Черкез.Четири други осуденици исто така добија делумни помилувања, имено намалување на затворските казни:– Емир Надир Јонузи од с.Слатине, тетовско – 3 месеци– Коле Петре Талевски од Битола – 3 месеци– Чушков Јордан Сашо од Велес – 3 месеци– Исмаили Џелал Јетмире од Гостивар – 6 месеци.Одлуката е донесена врз основа на член 84 од Уставот и Законот за помилување.

Пронајдете не на следниве мрежи: