Претседателот Иванов во официјална посета на Кралството Јордан

Претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов во придружба на сопругата од денес престојува во официјална посета на Хашемитското Кралство Јордан. Со највисоки државни и воени почести, Иванов ќе биде пречекан од Кралот на Хашемитското Кралство Јордан, во Кралската палата Ал Хусеин во Аман.
Во рамките на посетата тој ќе оствари средби со премиерот на Кралството Јордан, Омар Разар, со претседателот на Сенатот, Фаисал Ел-Фајез, со спикерот на Претставничкиот дом Атеф Таравнех, како и со членовите на Претставничкиот дом.
Исто така претседателот Иванов ќе одржи предавање во Советот за светски прашања, на тема: „Балканот, Кавказот и Блискиот Исток: Бермудскиот триаголник на Европа“, и ќе го посети Бирото за дизајн и развој на Кралот Абдула.
Неговата сопруга, Маја Иванова во рамките на дамската програма ќе оствари средба со Кралицата на Хашемитското Кралство Јордан, Н.В. Ранија Ал Абдула, и ќе ги посети Фондацијата „Jordan River“, невладина организација чиј фокус е безбедноста на децата и зајакнување на заедницата, како и  Детскиот музеј „Јордан“. Инаку, и Фондацијата и Музејот се основани од Кралицата Ранија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.