По најавата на претседателот на СДСМ дека ќе поднесат кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието Африм Гаши поради кршење на Деловникот, попладнево од Кабинетот на собранискиот спикер со став дека Гаши постапил целосно согласно Деловникот за работа.
– Имено, на 18 мај 2026 година, врз основа на член 126 став 2 од Деловникот, претседателката на Комисијата за финансирање и буџет ја свика 64-тата седница на Комисијата за 19 мај 2026 година, со почеток во 11:30 часот. Седницата започна на 19 мај 2026 година и по утврдувањето на дневниот ред беше прекината. Имајќи ги предвид роковите утврдени во член 176 став 2 и член 181 став 1 од Деловникот, повеќе од една третина од членовите на Комисијата, согласно 126 став 2, на 20 мај 2026 година доставија барање до претседателката на Комисијата за продолжување на седницата во деловнички утврдените рокови, но продолжението на седницата не беше свикано. Поради тоа, на 20 мај 2026 година, група пратеници до претседателот на Собранието доставија барање за свикување продолжение на 64-тата седница на Комисијата за финансирање и буџет, поради непостапувањето претседателката на Комисијата по доставеното барање за продолжување на седницата, велат од Кабинетот на Гаши.
Посочуваат дека станува збор за постапување кое не претставува политичка волја или произволна интервенција, туку исклучиво примена на јасно утврдени деловнички одредби, со цел обезбедување на функционалноста на Собранието и почитување на роковите предвидени во парламентарната процедура.
– Сметаме дека Собранието не смее да биде предмет на дневно-политички конструкции и неосновани обвинувања чија единствена цел е создавање политичка тензија и медиумска конфронтација, се наведува во реакцијата од Кабинетот на Гаши.
The post Претседателот на Собранието постапува согласно Деловникот, велат од неговиот Кабинет appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



