среда, 11 ноември 2026
Најново

Претседателството на МАНУ донело одлука за промена на своето име

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонската академија на науките и уметностите ги прифатила сугестиите на Владата за промена на името, објави ТВ “Алфа“. Претседателството на МАНУ донело одлука за промена на својот назив, велат интерни извори за телевизијата.
Собранието на кое ќе биде констатирана промената на името треба да се одржи следниот четврток, а треба да биде прифатена една од двете опции – Национална академија на науките и уметностите или Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија.
Скратеното име, односно акронимот МАНУ треба да си остане исто.

Поврзани вести