Обвинителството за организиран криминал и корупција покренува истражна постапка против претседател на суд и судски службеник кои се сомничат дека примиле поткуп со цел да интервенираат кај судија во Основниот суд во Гостивар и совет на судии во Апелациониот суд во Гостивар.
Во периодот од јануари 2023 до 2025 година барале и примиле поткуп од 8000 евра за судијата и 800 евра за судскиот службеник.
– На почетокот на 2023 година осомничените му ветиле на лице кое било странка во постапка во граѓански спор да му помогнат. За надомест од 5.000 евра тие требало да интервенираат кај судија во Основниот суд Гостивар да донесе решение за повторување на постапката за која била донесена одбивателна пресуда. Откако не успеале, повторно, по барање на осомничените на дополнителни парични средства во износ од 3.000 евра требало да интервенираат кај судии во втор степен за укинување на решението со кое не било дозволено повторување на постапката. Подоцна износ од 800 евра како награда му биле дадени на второосомничениот со цел да заврши работа по однос на доставениот писмен документ од извршител, информира попладнево Обвинителството.
За двајцата се бараат мерки на претпазливост односно забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определеното службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа.
The post Претседател на суд и судски службеник осомничени за примање поткуп appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



