петок, 27 ноември 2026
Најново

Претстава „12“ на МНТ доби две значајни награди на фестивалот “5РЕ”

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонскиот народен театар со претставата „12“, која е создадена врз основа на идеите на Реџиналд Роуз од делото „Дванаесет лути мажи“, адаптирана и режисирана од Синиша Евтимов, доби две значајни награди на Фестивалот „5РЕ“ кој се одржа во Велес. Претставата изработена од Македонскиот народен театар (МНТ), беше призната за најдобра претстава и за најдобра режија, како што информираа од Националниот театар. Жирито во состав на Александар Георгиев, Александар Ивановски и Миле Вратеовски ја донесе оваа одлука едногласно. Глумци кои се дел од оваа претстава се: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Нино Леви/Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев.

Поврзани вести