Претставката за распишување Референдум за измена и дополнување на Амандманот XXXVI од Уставот.

  Согласно чл. 24 од Уставот, ја доставив до Собранието на Република Северна Македонија, а со која барам пратениците да распишат Референдум за измена и дополнување на Амандманот XXXVI од Уставот. Ова мое барање го засновам на фактот дека пратениците во Собранието од 1998 година до денес имаат усвоено 127 документи (декларации, резолуции, извештаи, заклучоци, смерници, одлуки, програми, планови, прегледи …) во кои јасно, во наше име ја искажале стратешката определба на нашата држава за приклучување кон Европската унија.
Молам ова моја иницијатива да биде објавена  пишува до медиумите поранечниот амбасадор и подносител на иницијативата ,Виктор Габер

ВО продолжение претставката во целост:

Како граѓанин на оваа држава, согласно член 24 од Уставот на Република Северна Македонија, ја поднесувам следната:
 
                                                          ПРЕТСТАВКА
до Собранието на Република Северна Македонија:

Барам, како мои претставници, вие, пратениците на Собранието веднаш, согласно чл. 68 од Уставот и член 20, став 2 од Законот за референдум, да покренете постапка за распишување на Референдум со прашање
Дали сте согласни Република Северна Македонија да ги продолжи преговорите за влез во Европската унија со измена во амандманот XXXVI на Уставот на вашата држава и по зборовите …„бошњачкиот народ“, да се додадат зборовите „на хрватскиот народ, на бугарскиот народ, на еврејскиот народ…“?
  
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Ова мие барање го засновам на Декларацијата за развој на односите на Република Македонија со Европската унија од 1998 година и сите последователни документи за пристапување на нашата држава кон Европската унија усвоени од вас пратениците на Собранието. Оваа држава има континуитет заснован на Референдумот од 8 септември 1991 година и Уставот од 17 ноември 1991 година.
Во сите тие документи се определува нашата стратешка определба за членство во Европската унија. Тие имаат јасна правна и политичка траекторија, заснована на базичните уставни одредби, усвоени во Собранието, во нашата највисока демократски избрана институција која одлучува за мојот развој и безбедност, но и за моето семејство и за нашиот народ, за секој наш граѓанин.
Заради обврските кои произлегуваат од наведените собраниски документи, како и заради ветувањата што сте ги дале пред гласачите, а кои произлегуваат и од вашите предизборни програми, сметам дека вие како наши пратеници сте свесни дека имате полна морална, материјална и кривична одговорност да ни обезбедите стабилен развој и безбедност.
Распишувањето на референдумот, како највисок израз на волјата на граѓаните на нашта држава и нивната волја ќе ги потврдат вашите определби искажани во горните документи за нашиот иден развој. Доколу на референдумот мнозинството граѓани го заокружат одговорот „ЗА“ за вие пратениците во Собранието на Република Севрена Македонија да ја извршите промената искажана во прашањето, нема да има ваша обврска за усвојување на други документи. Но, доколку мнозинството наши граѓани го заокружат одговорот „ПРОТИВ“, вие, во нивно име, ќе треба да ги поништите сите досегашни од вас усвоени документи за нашата стратешка ориентација  членството во Европската унија – и да усвоите нова стратешка ориентација на државата.

Подносител на претставката
Граѓанин Виктор Габер
The post Претставката за распишување Референдум за измена и дополнување на Амандманот XXXVI од Уставот. appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: