Приведена е жената која синоќа удри во пешак во скопско Волково кој почина на место.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека се работи за 40-годишна жена од Волково со иницијали М.С.
Вчера во 20:55 часот на ул.„100“ во с.Волково, таа со патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, удрила во пешакот Г.И.(60) од с.Волково.
Од здобиените повреди пешакот починал на местото, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена пријава по член 300 од Кривичниот законик.
Пронајдете не на следниве мрежи:


