Приведен маж во Кичево – се заканувал со пушка пред адвокатска канцеларија

Вчера во 15:30 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е 47-годишниот Ф.Б. од кичевското село Туин откако претходно, пред адвокатска канцеларија во Кичево, од своето возило извадил пушка и упатил закани кон едно вработено лице.

Се преземаат мерки за целосно расветлување по што, против Ф.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи: