Приведен прилепчанец кој возел пијан на сред бел ден

Вчера во 14:00 часот на бул.„Гоце Делчев” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле педесет и двегодишниот С.Ѓ. од прилепското село Воѓани.

Како што информираат од МВР, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал С.Ѓ., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,79 промили алкохол во крвта.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичен законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Пронајдете не на следниве мрежи: