Тетовец на возраст од 50 години е приведен за семејно насилство и за прекршување на мерките за заштита од семејно насилство кои му биле изречени.
На 14 август кога во домот на осомничениот дошле непознати лица, барајќи од него да им врати 200 евра кои му ги дале за наводно лекување и дијализа на девојчето, сопругата признала дека ги измамил и рекла дека ќе повика полиција.
Во тој момент осомничениот почнал да го удира девојчето и да им се заканува дека ќе ги запали доколку го приведе полиција.
– Со тоа предизвикал чувства на загрозување и страв кај оштетените, а ги прекршил и мерките за заштита од семејно насилство кои му биле претходно определени од Основниот суд во Тетово. Ценејќи ги сите овие околности, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, информира денека Обвинителството.
The post Приведен тетовец, им се заканувал на сопругата и ќеркичката дека ќе ги запали appeared first on Provereno.



