Приведен е 19-годишник од село Бојане кој завчера уби 18-годипник од истото село. Полицијата денеска соопшти дека против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Случајот во полиција го пријавил таткото на убиецот.
– На 17.05.2026 во 00:50 часот во с.Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б. (19) од с. Бојане поради основано сомнение за сторено кривични дело „убиство“ по член 123 од КЗ. Претходно, на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15.05.2026 во шума во околината на с.Сарај со пиштол го усмртил Б.Д. (18) од Бојане, информира МВР.
Пронајдени се телото на Б.Д. и пиштолот со кој е извршено убиството.
The post Приведен 19-годишник од Бојане кој убил 18-годишник, случајот го пријавил таткото на убиецот appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



