Пригоден почеток на академската години на УКЛО, правниот факултет во Битола во реновирани простории

Почетокот на новата академска година пригодно е означен на сите единици на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, а централното одбележување се одржа на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид.Претходно, претставници од раководството на УКЛО и ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски на дисперзираните студии од Правниот факултет во Битола, заедно со деканот проф. д-р Горан Илиќ направија обиколка на комплетно реновираните простории.Станува збор за адаптација и реконструкција на илјада метри квадрати, со што се обезбедени соодветни и достоинствени услови за студентите и кадарот.-Благодарение на поддршка од УКЛО, за прв пат е изграден амфитеатар, кабинети и канцеларии за наставниците и асистентите и во периодот што следува ќе се врши комплетирање на опремата и нужните помагала за обезбедување на стандардни предуслови за студирање и севкупните работни и наставно – научни активности на Правниот факултет, оценува деканот, проф. д-р Горан Илиќ.Ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски присуствуваше на првиот академски час што се одржа во еден исклучителен и несекојдневен амбиент, во дворот на црквата “Св. Софија“.Во својата порака упатена до сите 1100 нови студенти, тој истакна:

-Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола со сета свесност и одговорност за новото „нормално“ време што сите го живееме и силно чувствуваме, останува посветен на своите студенти и вложува максимални напори за да понуди соодветни алтернативи и повеќе модалитети за непречено одвивање на процесот на учење. „Денес, знаењето, повеќе од кога било, е императив и најважен ресурс којшто светот го дели на богати и сиромашни, на развиени и неразвиени. А нашиот подмладок, студентите се на онаа возраст кога треба интензивно да стекнуваат знаење и вештини и така да бидат авангардниот дел што го движи нашето општество и светот воопшто.Изборот за одржување на централниот настан на ФТУ, не е ни малку случаен. Духовната и традициска поврзаност со првиот Словенски универзитет, годинава е надополнета со одбележувањето на јубилејните педесет години од постоењето на ФТУ.Инаку, УКЛО пред почеток на академската година изработи Стратегија за реализација на наставно-образовниот процес во услови на пандемија на коронавирус за академската 2020/2021, документ што нуди разработени концепти во функција на опциите за реализација на наставно-образовниот процес, сообразени на спецификите на одделните високообразовни институции.Покрај Стратегијата, УКЛО усвои и Кодекс за комуникација при учење на далечина, со почитување на академските слободи, права и обврски.

Извор bitolanews

Пронајдете не на следниве мрежи: