Примера: Победи на Реал и Атлетико

Реал Мадрид ја порази Малaга со 6:2, додека Атлетико во Виго ја победи Селта со 3:1, во воведните натпревари од 35.коло во Примера.Овие два натпревари се одиграа 10 дена пред редовниот термин поради обврските на Реал и Атлетико во финалето на националниот Куп.Реал испорача шест голови во мрежата на Малага која мечот го заврши со деветмина фудбалери – Серхио Санчез беше исклучен во 21-та, а Мартин Демикелис до 70-та минута од натпреварот.Раул Албиол му донесе предност на Реал во третата минута, израмни Санта Круз по 15 минути игра, Роналдо не реализира пенал во 21-та минута. Во следните десет минути Роналдо и Езил зголемија на 3:1, а предноста на Реал ја намали Антунес во 36-та минута. До крајот на полувремето Бензема му ја врати предноста на Реал од два гола. Во вториот дел во листата на стрелци се запишаа Модриќ и Ди Марија.Роналдо на овој натпревар го постигна 200-от гол во дресот на Реал.Атлетико во Виго ја победи Селта со головите на Коста, Хуанфран и Фалкао, со што и теоретски го обезбеди пласманот во Лигата на шампиони во следната сезона.
MaкфаксРеал Мадрид ја порази Малaга со 6:2, додека Атлетико во Виго ја победи Селта со 3:1, во воведните натпревари од 35.кол

Пронајдете не на следниве мрежи: