Примил мито од 50 илјади евра: Обвинителството поднесе обвинение против Васе Анакиев, директорот на Инспекторатот за земјоделство

По спроведување на сеопфатна истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт до Основниот кривичен суд во Скопјe против едно лице за кривично дело – Примање надомест за противзаконито влијание, предвидено и казниво согласно Кривичниот законик.

Ова е директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев.

Според обвинението, обвинетиот во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, со цел стекнување противправна материјална корист, примил вкупен износ од 50.000 евра за посредување и користење на своето реално влијание со цел да се меша кај судија во Апелациониот суд во Скопјe и, преку поткуп, да влијае врз извршување на службено дејствие што не требало да се изврши.

The post Примил мито од 50 илјади евра: Обвинителството поднесе обвинение против Васе Анакиев, директорот на Инспекторатот за земјоделство appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: