Принцот Вилијам за здравјето на Кејт Мидлтон

Принцот Вилијам полека се враќа на кралските обврски по паузата поради лекувањето на неговата сопруга Кејт МидлтонДенес, за време на јавен ангажман во Њукасл, принцот Вилијам зборуваше за здравјето на неговата сопруга Кејт Мидлтон , која пред повеќе од еден месец откри дека боледува од рак.При посетата на принцот на овој град се собраа голем број граѓани кои сакаа да го видат и поздрават идниот крал на Велика Британија.Меѓу неговите поддржувачи била и Џули Кеј (60), која го прашала принцот како е неговата сопруга и децата.„Сите се добро, благодарам. Добро ни оди“, рекол Вилијам.Принцот Вилијам полека се враќа на кралските обврски по паузата поради лекувањето на неговата сопруга Кејт Мидлтон.Двајцата вчера прославија 13 години брак, а на социјалните мрежи објавија приватна фотографија од нивната венчавка.Кејт во видео минатиот месец откри дека боледува од рак. Во споменатото видео, таа ги замоли луѓето да и дадат време и приватност за време на лекувањето.Таа исто така им се заблагодари на сите за поддршката за време на нејзиното лекување и за сите пораки што ги добиваше од обожавателите на кралското семејство.

Пронајдете не на следниве мрежи: