Припадник на “Тигрите“ ранет во касарната “Илинден“

Вчера попладне од истрел на огнено оруже во касарната „Илинден“ во Скопје е повреден припадник на единица за специјални задачи “Тигар“. До инцидентот дошло по вежбовни активности, кога неколкумина полициски специјалци го чистеле своето отужје.
– Околу 15 часот пријавено е дека во касарната “Илинден“ полицискиот службеник З.М. при подготовка на оружјето за чистење го погодил полицискиот службеник Ц.А. кој бил во истата просторија. Ц.А. е префрлен во Клинички центар, информираа од МВР за “Нетпрес“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.