Причина зошто поголемиот број фустани на Меган Маркл имаат џебови

Овој член на кралското семејство се разликува од останатите по своето минато, потекло, но и по ставовите и правилата кои си ги негува уште од својата младост.
Откако знаеме за неа, Меган Маркл се бори за женските права и служи како одличен пример дека жените можат да остварат сè што ќе наумат, само треба да имаат храброст да излезат од својата комфорт зона.


Причината поради која војвотката од Сасекс многу често носи фустани со џебови е од феминистички карактер. Имено, експертите сметаат дека жените кои носат облека без џебови, не знаат што сакаат и често со себе носат огромни ташни кои се преполни со безпотребни работи.


Затоа Меган симболично ги избира фустаните кои имаат џебови, со што покажува дека жените не се ништо помалку способни и одлучни од мажите. Секогаш е беспрекорно средена. Меган е свесна за секој изговорен збор во јавноста, а тоа што и со парчињата облека му пренесува силна порака на елитното друштво, само ги наведува обожавателите да ја сакаат и почитуваат уште повеќе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.