Причини поради кои Швеѓаните се луди за храната во туба

Идејата за ладна храна во туба, за некои баш и не е примамлива, додека на други им е вкусна и практична. Замислуваме сарма во туба, или барем сирење со вкус на пршута. А вие?
Сосема нормално е пастата за заби и мајонезот да се во туба, нели? Практично е, хигиенско и лесно за употреба. Тоа го сфатиле и Скандинавците, па продолжиле да ја пакуваат во туби и останатата храна. Вака пакуваната храна не е реткост во Шведска, Норвешка, Данска, Германија и други земји, но некако највеќе асоцира на Шведска, па ќе се посветиме на неа како пример.
Причини поради кои Швеѓаните се луди за храната во туба
Причини поради кои Швеѓаните се луди за храната во туба
Со влез во Шведска, доаѓате во земја во која изборот на храна во туба нагло се зголемува. Во продавниците, лесно можете да најдете полици исполнети со храна во туби, при што најпопуларни се различни сирења со дополнителни вкусови. Освен сирењата, тука се и кавијарот од икра на бакалар, разни намази, домати, мешавина од зеленчук за вегетаријанци, крема од сардини, па дури и гума за џваќање во цевка!
Икона на храната во туба е популарниот кавијар Kalles, кој можеби веќе сте го пробале или барем сте го добиле или купиле како сувенир од северот. За тој тип храна, ќе ви биде потребен леб или некакви крекери, а во Скандинавија една од најпопуларните подлоги е така наречениот Knackebrod, традиционален шведски леб. Парче од Knackebrod, варени јајца исечени на коцки, кавијар од туба, малку салата, зачини и voila – имате совршен доручек.


Карла Мари Б. Паредес од универзитет во Лунд, посветила цела дипломска работа на шведскиот изум – храна во туба. Во дипломската работа тврдела дека причината што храната во туба е толку популарна во Шведска е едноставно нејзината практичност и функционалност.
Како би ја исцедиле тубата, постојат дури и посебни производи за нејзино истискување до самиот крај. Тоа е резултат на технолошкиот напредок и иновација во индустријата на производство и пакување на храна. Во САД се развила многу брзо, после втората светска војна, а во комбинација со скандинавската култура, дала практични резултати кои им се допаднале на купувачите. Храната во туба е лесна за складирање, чување и после отварање, а трошоците за материјал и амбалажа биле ниски. Некои тврдат дека концептот за пакување храна во туби бил поврзан со планинарскиот стил на живот. Скандинавците сакаат да поминуваат време во природа, било да станува збор за пешачење, возење велосипед или планинарење, а храната во туба е практична за носење во ранец.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.