четврток, 12 ноември 2026
Најново

При преглед на три возила пронајдени 17 мигранти од Бангладеш

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вчера полициски службеници од СВР Струмица и Регионалниот центар за гранични работи Исток, на регионалниот пат Валандово – Струмица, на влезот во Струмица, кај месноста „Куклишка раскрсница“, запреле патничко возило „сеат алтеа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (29) од с. Никуштак, патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.И. (21) од Скопје и патничко возило „ауди А6“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Х. (25) од Скопје.
При преглед во возилата биле пронајдени 17 лица мигранти од Бангладеш.
Возачите и мигрантите биле приведени во СВР Струмица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

Поврзани вести