Полицијата добила пријава од затворот Идризово дека кај затвореник била најдена и одземена грутчеста материја.
„На 09.05.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека во 15:30 часот бил извршен претрес врз осуденикот В.Ф.(42) од с.Студеничани, скопско, при што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.



