Пробајте и уверете се сами: Најлесниот начин да се ослободите од горчината кај краставиците

Краставиците се неопходен дел од летната трпеза – тие се освежителни, полни со вода и минерали и лесни за варење. Сепак, ништо не може да ја уништи салатата или освежителната ужина како горчливата краставица. Таа непријатна горчина доаѓа од природни супстанции што растението ги произведува кога е под стрес, но за среќа постои начин да се ослободите од неа.

Како да го направите трикот?

Исечете го врвот на краставицата од страната каде што беше стеблото – тука најчесто се акумулира горчината.

Земете го исечениот врв и тријте го со кружни движења кон остатокот од краставицата.

Ќе видите како на исечокот се појавува бела пена – се верува дека тоа е она што ја „вади“ горчината од плодот.

Кога пената повеќе не се формира, избришете ја краставицата или измијте ја и таа е подготвена за јадење.

Дали трикот навистина функционира?

Иако научниците не потврдиле дека оваа постапка целосно го отстранува кукурбитацинот (супстанцата одговорна за горчината), многумина тврдат дека нивните краставици имаат многу поблаг вкус по ова. Затоа методот е сè уште популарен и се пренесува од генерација на генерација.

Кога да го користите овој трик?

Кога не сте сигурни за свежината на краставиците што сте ги купиле.

Ако забележите дека краставицата има подебела кора или непријатен мирис во близина на стеблото.

Како брз тест – ако пената има интензивен мирис, краставицата веројатно не е добра за јадење.

Пронајдете не на следниве мрежи: