Проблемот со невакцинираните деца ќе стигне до Хелсиншки комитет?

На социјалните мрежи родителите бараат совет каде да се обратат за помош доколку нивното невакцинирано дете не биде примено на училиште. Некои од родителите велат дека ќе се обратат за помош во Хелсиншкиот комитет за човекови права или во канцеларијата на Народниот правобранител.
Во меѓувреме, Mинистерството за здравство и Mинистерството за образование и наука уште не донеле одлука дали невакцинираните деца ќе бидат примени на училиште. Одлуката за ова прашање се очекува да се дознае по средбата на министерот за здравство Венко Филипче со министерката за правда Рената Дескоска и со министерот за образование Арбер Адеми.
Инаку, уписот во училиштата тече уште оваа седмица, по што ќе се знае дали некое дете не било запишано во училиште заради неуреден вакцинален картон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.