Проверете дали сте компатибилни како пар

Направете го овој тест за компатибилност на љубовниот партнер и дознајте!

Постојат неколку клучни знаци кои утврдуваат дека луѓето не треба да бидат заедно. Еден начин да откриете дали сте компатибилни или не е да проверите како размислувате за најважните работи.

Постојат голем број прашања кои можат да нагласат дали две лица се навистина некомпатибилни, но психолозите ги избрале овие 5 кои покажуваат суштински сличности и разлики кои подоцна значително ќе влијаат на квалитетот на заедничкиот живот.

1) Како сакате да живеете?

Да почнеме со едно од најважните прашања што можете да ги поставите некому:

2) Како сакате да го живеете животот?

Има толку многу различни начини на кои можеме да ги дизајнираме нашите животи и се се сведува на вредности. Додека една личност може да ја цени рутината, друга може да цени постојана промена и спонтаност. Додека едниот се стреми кон традиционална форма на градење семејство, другиот сака да го обликува животот според сопствените правила.

Па замислете дека сте заедно и 10 години подоцна и имате дете. Секој од вас нека опише просечен ден како семејство – ќе научите многу еден за друг. Добро размислете за одговорите на вашиот партнер и бидете искрени со себе: дали би можеле да живеете со таа личност?

3) Кои се вашите верувања за религијата и духовноста?

Иако двајца луѓе не мора да имаат сосема исти верувања, нивните вредности мора да бидат усогласени. Така, религијата и духовноста се категории кои се важни кога станува збор за усогласување. Замислете дека еден човек е атеист, а другиот е верник. Како ќе го воспитувате детето и дали ќе го крстите? Може ли другиот да се помири со таквата одлука?

4) Кои се твоите идни цели?

Ако целите во кариерата на вашиот партнер се на прво место, а вие имате деца на ум, тоа не е идеално.

Ако не сте сигурни кои се вашите цели, поставете ги овие подпрашања додека го полагате тестот за компатибилност на љубовниот партнер:

Дали сакате семејство?
Дали сакате голема кариера?
Дали сакате да го посветите животот на добротворна работа?
Дали сакате да се занимавате со наука?
Дали сакате да патувате?

Пронајдете не на следниве мрежи: