Проверете каде да возите: Булеварите “Крсте Мисирков“ и “Кочо Рацин“ затворени

Градот Скопје информира дека од денес, 31 август, со почеток од 8 часот, до недела, 1 септември, до 8 часот за сообраќај ќе биде затворен булеварот “Крсте Мисирков“, на потегот од клучката Бит-пазар до крстосницата со булеварот “Гоце Делчев“, во насока кон центар (страната кај Бит-пазар). Поради тоа, сообраќајот ќе се одвива преку клучката Бит-пазар, булеварот “Александар Македонски“, улицата “Беласица“ и булеварот “Гоце Делчев“.
Исто така, денес ќе се врши асфалтирање со завршен слој на булеварот “Кочо Рацин“ и тоа на потегот од раскрсницата со булеварот “Кузман Јосифовски Питу“ до раскрсницата со улицата “Свети Кирил и Методиј“, во насока кон центарот. За таа цел, оваа коловозна лента ќе биде затворена за сообраќај 24 часа. Автобускиот превоз ќе биде пренасочен кон булеварите “Крсте Мисирков“, “Гоце Делчев“ и “Филип Втори“.
Градот Скопје апелира до граѓаните да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим и поставената патна сигнализација, и да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.