Провинцијалки ни го окупираа Скопје – „Доаѓаат, студираат, а потоа прават се да се омажат овде“

Ангела Кузмановска, девојка која пред неколку години ги заврши своите студии на Правниот факултет во Скопје, разочарана од она што самата таа го видела во студентските денови, а сега и од поновите генерации ја согледува истата слика, пишува на својот профил што се видела додека дошла до факултетската диплома:

– Девојчиња, облечени како да доаѓаат во кафеана, а не на факултет, најпрво фини и навидум културни, подготвени на се само да извлечат нешто од тебе, да го запознаат градот и друштвото, дојдени со намера да се вкплопат по секоја цена, потоа го покажуваат своето вистинско лице.

Лично ја имав приликата да запознаам куп вакви девојки на факултетот каде што студирав, сега пак и од поновите генерации ги слушам истите муабети – многу поразлични од нас овде, девојчиња полни со дволичност во карактерот, со намера да избегаат од своите родни краеви, па насочени кон тоа да се запишат на некои од факултетите во главниот град, а подоцна без разлика дали ќе успеат во својата цел, најважно им е да најдат начин да се вклопат во друштвото, да се омажат и засекогаш да останат.

Но, не за било кого, низ студенстките ходници и кафулиња каде често се движат слушаш муабети како се дојдени со таа намера, се жалат од градот од каде што се дојдени, како немало никакви шанси за напредок каде што останале да живеат само стари луѓе, ноќниот живот катастрофа, а овде дојдени во потрага по добро ситуиран дечко, добро запомнете: Не било каков, туку дечко со подлабок џеб.

Лично, здосадено ми е од ваквите привицијалки, девојчиња кои имаат сосема поинакви и според мене сосема погрешни мислења за животот, едноставно треба да сфатите дека постојат многу други цели во животот кои треба да ги постигнете, и секако бирајте го начинот преку кој ќе дојдете до истото.

Извор: Њуз.инфо

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.