Продолжете ја свежината на овошјето до три недели

Еден корисник на ТикТок сподели практичен совет за тоа како да го сочувате зеленчукот и овошјето во фрижидер
Иако не е особено револуционерно, видеото е прегледано над седум милиони пати.
Оваа девојка вели дека тајната на свежите производи е нивното чување во фрижидер во тегли.
„Го најдов овој совет пред неколку месеци, па го тестирав и делува.
„Ако го ставите вашето овошје, како што се јагодите, во стаклена тегла, а потоа во фрижидер, тоа останува свежо две до три недели“.
Од објавувањето, видеото собра повеќе од милион лајкови, а меѓу илјадниците коментари, имаше многумина кои признаа дека „буквално трчале“ до нивниот фрижидер за да го пробаат трикот.
Во коментарите, тие исто така додадоа свои совети за складирање на овошјето:
Едно лице кое призна дека се откажало од купување јагоди само затоа што распаѓаат многу брзо.
Друго лице даде дополнителен совет: „Ставете свиткана салфетка на дното и на горниот дел и таа ќе ја апсорбира целата влага за овошјето да не омекне“.
Трето лице прибегнува кон хемиски раствори: „Исто така, помага ако ги натопите во раствор на оцет и вода 20 секунди, а потоа измијте ги и исушете ги!“ Научено од ТикТок, ја одржува свежината подолго“.
Неколку други луѓе истакнаа дека можете да го повторите методот со различен зеленчук, како што се спанаќ и брокула.
Покрај зачувувањето на свежината на овошјето и зеленчукот, особено бобинките и помеките плодови, теглите спречуваат мешање на мирисите во фрижидерот, па дури и ако зеленчукот се расипе, тоа нема да ја окупира целата полица во фрижидерот, туку само садот. Исто така, теглите се многу подобри од пластичните контејнери затоа што полесно се чистат и не го попримаат мирисот на содржината.

@stephgigliotti28Fresh fruit hack! 🍓 #kitchenhacks #kitchentips♬ Taste It – Ikson

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.