Продолжува амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година

   Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година. Од доставените околу 200 амандмани, дел се разгледани на четирите расправи што се одржаа по завршувањето на општиот претрес.
– Буџетот за 2026 година е реален, развоен и секоја ставка е многу внимателно проектирана. Растот е проектиран на 3,8 проценти, а буџетскиот дефицит на 3,5 отсто од БДП, што е согласно определбата за фискална консолидација, изјави минатата недела министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Очекува дека јавниот долг ќе се намали под 60 проценти од БДП порано од 2028 година, како што е предвидено со Стратегијата за управување со јавен долг.
Пленарната седница на која ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, е планирано да се одржи на 9 декември.

Пронајдете не на следниве мрежи: