Продолжува судењето за нападот врз Села

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште од судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.
На минатото рочиште во судница беа прикажани видео снимки од безбедносните камери во Собранието на Република Македонија и камерите од присутните медиуми во прес-центарот од немилите настани.
Досега се гледаа снимките на две цедиња, а остануваат да се гледаат уште снимките од уште неколку цедиња.
За обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април минатата година обвинети се Кире и Цејо Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра. Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.