За денес е најавено ново судско рочиште во Основниот суд во Струга за случајот со Јилдз Веапоска од Дебар, која по царскиот рез во струшката болница загуби матка, јајник и бубрег. Судијата Јордан Јованов на неодамнешното судење донесе одлука Медицинскиот факултет во Скопје да достави објаснение за изборот на вонредни членови во комисијата на основа на барање од одбраната. Тимот на обвинетиот доктор гинеколог Мухамед Асани, неговиот син Блертон и докторката Лилјана Јованоска, заедно со Игор Петковски, аргументираше дека експертите требало да бидат избрани исклучиво од медицински факултети, но во комисијата учествувале професор од Штип и докторка со приватна пракса. Веапоска изјави дека се надева на правда благодарение на квалитетот на вештачењето. Судот побарал од Медицинскиот факултет во Скопје супер вештачење уште на 23 април предходната година, но одговор добил по скоро 10 месеци. Оваа одлука била предизвикана од неусогласеност меѓу наодите на вештачењата извршени од стручни луѓе од Судска медицина и од технички советник на барање на обвинетите. Според наодите на тројца вештаци од институтот, состојбата на Веапоска се влошила поради грешки во медицинската прокедура, додека професорот Драге Дабески одбележал дека вина за случувањата не постои од страна на лекарите кои интервенирале, туку тие спасиле живот. Судскиот процес за случајот со родилката повторно започна од старт поради измена на судечките лица, а делото ќе застари во 2026 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: