Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести и да ве покани на проекцијата на филмот „Старателство“, во вторник, 8 март, во 20 часот, во Кинотека на Северна Македонија.

Филмот е со ангажирана тематика и се прикажува по повод 8 Март, Меѓународниот ден на женските права, а воедно е и прв настан од серијата активности во знак на одбележување на месецот на Франкофонијата.
„Старателство“ е филм на на Гзавие Легран, од 2017, со Леа Дрикер, Дени Миноше и Тома Жорија во главните улоги.
Филмот ја обработува темата за децата како жртви при бракоразводна постапка на родителите, но и за насилството во рамките на семејството.
Добитник е на бројни награди, меѓу кои и 4 награди Цезар: најдобар филм, најдобра женска улога, најдобро сценарио и најдобра филмска монтажа.
Филмот е со превод на македонски јазик, а резервации на билети се прават во Кинотеката.
Проекцијата ќе се одржи во согласност со здравствените Ковид протоколи.
Официјален плакат за филмот и официјална покана во прилог на мејлот.
*
Критики за филмот во француските медиуми:
„Филм на годината.“ (Синема Тизер)
„Неверојатна режија, извонредна игра на актерското трио, психолошки трилер за деструктивниот процес при семејно насилство.“ (Ла Кроа)
„Вистински филмски погодок на чувствителна тема.“ (Нувел Опсерватер)


