Производителот на луксузни автомобили Bentley постигна рекордна продажба

Bentley е последниот производител на луксузни автомобили кој соопшти дека постигнал рекордна продажба, јави DPA.

Компанијата со седиште во Кру, јужно од Манчестер, соопшти дека минатата година испорачала 15.174 автомобили.

Тоа е 4% повеќе отколку во 2021 година, и е поттикнато од рекордната побарувачка во Америка, Европа и Азија-Пацифик.
Rolls-Royce синоќа соопшти дека постигнал рекорд со испорака на 6.021 автомобил минатата година, што е зголемување од 8% на годишно ниво.

И други брендови на луксузни автомобили, како Bugatti, постигнаа добра продажба за време на епидемијата на коронавирусот.
Доказ за добрата состојба со продажбата на луксузни автомобили е примерот на компанијата Lamborghini, која во август соопшти дека ги предпродала своите автомобили до почетокот на 2024 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.