Промена на сообраќајниот режим на мостот „Гоце Делчев“

Поради влегувањето во нова фаза на градежните активности за реализација на проектот „Реконструкција на дилатации на мост Гоце Делчев во двата правци“, од утре ќе има промена во сообраќајниот режим на дел од булеварот Гоце Делчев, соопштуваат од Град Скопје.
Оттаму посочуваат дека од утре, во правец од ТЦ Мавровка кон објектот на Влада ќе се вози по две сообраќајни летни, а градежни активности ќе се изведуваат на една сообраќајна лента во овој правец (досега беа затворени две, а сообраќајот се одвиваше по една лента).
Во другата насока, во правец од Центар кон ТЦ Мавровска, од утре ќе се вози по една сообраќајна лента, додека две ќе бидат затворени и по нив ќе се изведуваат градежни работи.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваат сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.