Променливо време, можна појава на магла

Времето во Република Македонија ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со услови за утринска магла, а на крајниот југ со слаб локален дожд. Во текот на денот сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од два до 12, а дневната девет до 16 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно со услови за утринска магла. Во текот на денот сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 14 степени.
Во среда стабилно со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Потоа од четврток до сабота ќе има локални врнежи од дожд, позастапени во западните делови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.