„Следните денови ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град“, велат од УХМР
Променливо облачно, а наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Можно е и во одредени делови на државата да има и краткотрајно невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Оттаму најавуваат дека во главниот град времето ќе биде нестабилно, а во попладневните часови се очекува пороен дожд и грмежи.
![](https://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2024/05/oblacno-vreme1.jpg)
![](https://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2024/05/oblacno-vreme1.jpg)
„Ќе дува слаб и умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени“,
велат од УХМР.
Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 14 степени, а максималната до 26 степени.
„Следните денови ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град“,
се вели во соопштението од УХМР.