Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето претпладне променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Попладне облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Во четврток и петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Во сабота продор на постудена воздушна маса проследен со засилен северен ветер ќе предизвика опаѓање на температурите и слаб снег на планините.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.