Променливо облачно со слаб локален дожд


Времето во Скопје, пак, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец

Денеска се очекува променливо облачно време со слаб локален дожд, а на повисоките планини можни се и врнежи од снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималните температури денеска во земјава ќе се движат од 0 до 7 Целзиусови степни, а максималните ќе се искачат од 4 до 16 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите во главниот град ќе се движат во интервал од 4 до 14 степени.

Променливо облачно време со повремени сончеви периоди УХМР прогнозира и за утре.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: