петок, 27 ноември 2026
Најново

Промоција на дебитантската збирка раскази „Вечерен автобус“ од Стефан Алијевиќ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вечерва во Ла Кања во скопската чаршија, со почеток во 20 часот, ќе се случи промоцијата на дебитантската збирка раскази „Вечерен автобус“ од Стефан Алијевиќ. За книгата ќе зборуваат промоторите Јана Медиќ и Петар Андоновски.

Расказите од збирката „Вечерен автобус“ лебдат во еден свет помеѓу автофикцијата и фикцијата, претендирајќи да создадат игра, комуникација и неизвесност кај читателот што од напишаното е лична вистина на авторот, а што измислица. Освен тоа, расказите градат повеќе дихотомии или бинарни опозити, како на пример: реалност – сон, вистина – лага, живот – смрт, луцидност – халуцинација, минато – сегашност, периферија – главен град, итн.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Збирката прави пресек на нашето време и општество, со цел да расветли одредени зафрлени слоеви, и во тој контекст, главните ликови често доаѓаат од самите маргини на општеството. Севкупно, расказите третираат теми како различностите помеѓу луѓето, нееднаквоста, срамот од личниот идентитет, деградацијата, стеротипите и сегрегацијата на одредени поединци во општеството (како на пример лицата со посебни потреби или сексуалните малцинства). Наративот е во директен костец со предрасудите и ограничените погледи на светот.

Стефан Алијевиќ (1991, Гевгелија), завршил додипломски студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрите за Општа и компаративна книжевност и Англиски јазик и книжевност.

Поврзани вести