Промоција на новата песна на Тони Зен

Промоцијата на најновата песна, а воедно и видео спот на Тони Зен, ќе се случи во киното Cineplexx, во среда со почеток во 20 часот.

„Под контрола” е насловот на најновата песна, која претставува дел од трилогијата на Тони Зен.
„BMA BROTHERS” е продукцијата која стои зад ова видео, визуализирано од Тони Зен, а во режија на Мерт Арслан и Антонио Павловски. Музиката е на Нино Васков, а текстот на Тони Зен.
 
Темата на оваа песна го опишува глобалниот систем и неговото влијание врз човештвото кое живее под страв и притисок поради недостигот на информации и манипулирање. Песната ќе се најде на новиот албум на Тони Зен, насловен „МикроСкопски организам” кој треба да биде издаден оваа година.
Макфакс
Промоцијата на најновата песна, а воедно и видео спот на Тони Зен, ќе се случи во киното Cinep

Пронајдете не на следниве мрежи: