петок, 13 ноември 2026
Најново

Пронајдени 81 мигрант во помошен објект во липковско

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Осумдесет и еден мигрант од земјите од Блиски Исток пронашла кумановската полиција во помошен објект на жител од липковското село Ваксинце, соопшти утрово МВР.
Утрово околу 05.15 часот бил приведен Н.А. од село Ваксинце, општина Липково, поради тоа што при претрес во неговата куќа во село Ваксинце, извршен врз основа на судска наредба, во помошен објект полициски службеници пронашле 81 лице – мигранти (62 возрасни и 19 малолетни лица) од земјите од Блискиот Исток.
Миграните биле пренесени во прифатен центар Табановце. По целосно расчистување на случајот против Н.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести