четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пронајдено телото на Бугарскиот турист кој исчезна во водите на Охридското Езеро

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Безживотното тело, пронајдено попладнево во близина на селото Трпејца, е на нуркач кој претходно денеска исчезна во водите на Охридското Езеро. Според очевидци, лицето било облечено во нуркачко одело и имало целосна опрема за нуркање.

Претходно беше објавена веста дека 52-годишен државјанин на Бугарија исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри, над селото Трпејца. Инцидентот се случил денеска околу 13:15 часот, а за негово пронаоѓање беа ангажирани тимови од Езерската полиција, Црвен крст и нуркачи од клубот „Амфора“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, попладнево го потврди инцидентот и соопшти дека телото е извлечено од голема длабочина. Причините за несреќата засега не се познати.

Поврзани вести