Израелскиот веб-портал one.co.il ја објави веста дека потрагата по 22-годишната Маи Наим, внука на познатиот израелски тренер Шломо Шараф и внука на тренерот Јувал Наим, завршила неуспешна.
Семејството изгубило контакт со Маи Наим на првиот ден од упадот на Хамас на израелска територија, а нејзиното тело било пронајдено четири дена подоцна.
- Финска подарува патување за самци од целиот свет: Еве што треба да направите
- Иранската војска ги предупреди САД: Новата војна би зафатила значително поширок регион
- Меланија ги истакна своите облини: Ги привлече сите погледи со позадината, а потоа прошета во парче од сезоната
- Облачно и дождливо време, во вторник се очекуваат пообилни врнежи
- Уапсени високи полициски функционери во Србија: Истрага за незаконско постапување и насилство врз осомничени
Таа, наводно, била убиена на забава во Бареи, каде што десетици млади Израелци биле убиени и киднапирани од членови на Хамас.
Сочувство за смртта на младата Маи Наим испрати и фудбалскиот клуб Макаби Хаифа, чиј тренер некогаш беше Шломо Шараф.
„Фудбалскиот клуб Макаби Хаифа сочувствува со тагата на поранешниот тренер на тимот Шломо Шараф во врска со информацијата дека неговата внука Маи Наим била убиена во масакр на забава во Раим. Сочувствуваме со трагедијата на семејството, нашите срца се со вас“, се вели во соопштението на клубот.
Пронајдете не на следниве мрежи:



