Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во бриселската населба Форест му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски роден во МАкедонија 1976, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција, пренесе МИА.
.Скелетот бил пронајден при реновирање на куќата во јули 2025 година, по што е предаден на форензичка анализа.
Според полициското досие, Рахмановски последен пат бил виден вечерта на 16 јули 2003 година, кога го напуштил своето работно место, по што му се губи секаква трага.
Полицијата информира дека врз основа на форензичкиот наод е издаден налог за претрес на куќата и почнува истрага.


